Политиката на продажба на www.morganspomade.mk ги појаснува цените, постапката за нарачување на производи, испораката, плаќањето и повратот на средства по трансакција со платежна картичка.
Цена
Цената на производите објавени на web страната www.morganspomade.mk е изразена во македонски денари и е со вклучен ДДВ. Во цената не се вклучени трошоците за доставување на производот до купувачот. www.morganspomade.mk го задржува правото за промена на цените. Променетите цени ќе важат за нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени. Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени ќе се реализираат според цените кои биле важечки во моментот кога се направени нарачките.
Нарачки
Производите можe да се нарачаат on line на web страната www.morganspomade.mk , на броевите 071 39 70 80 и 070 32 31 24 преку телефон или преку Viber апликацијата, на FACEBOOK страната Morgan’s Pomade Macedonia, на Instagram страната morganspomade.macedonia или на e-mail адресата: shop@morganspomade.mk . Со цел успешно да се изврши доставувањето на производите, купувачот треба при нарачката да ги наведе следниве податоци: име и презиме, адреса, телефонски број и опционално e-mail адреса.
Доколку залихата на одреден производ е исцрпена, www.morganspomade.mk го задржува правото да ја одбие нарачката.
Политика за испорака на производи
За достава на пратки во Македонија ги користиме услугите на: Карго Експрес.
Трошоците за доставување на пратката ги плаќа купувачот и изнесуваат 150,00 денари. Пратките се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги избрал купувачот при правењето нарачка. Вообичаениот рок на испорака е 2 – 5 дена.
Нарачаните производи се доставуваат до купувачот со фактура-испратница или само со испратница. Пратката се доставува до адресата која купувачот при нарачката ја навел како адреса на испорака. Доколку КАРГО ЕКСПРЕС не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување или ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.
Купувачот е должен при приемот на производот да провери дали при транспортот се направени евентуални оштетувања и доколку се испорачуваат повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е оштетен при транспорт или недостасува некој нарачан производ, купувачот е должен во рок од 24 часа да пријави рекламација на e-mail адресата shop@morganspomade.mk или на телефонскиот број 070 39 70 80. Производите се заменуваат согласно условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Плаќање
Нарачките се плаќаат on line на web страната www.morganspomade.mk или при превземањето на производите.
Политика за поврат на средства по трансакција со платежна картичка
Поврат на средства на купувач кој платил со платежна картичка, се врши доколку биде направена погрешна уплата или доколку залихата на одреден производ е исцрпена а купувачот го платил производот. Правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датумот кога е извршена уплатата и износот кој е платен.
Замена на производите се врши само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Во случај на враќање на производ и поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, средствата ќе бидат вратени преку банка на сметката од која е извршено плаќањето. Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае до 20 работни дена.
Производот може да се врати/замени во рок од 7 дена од денот на приемот на пратката со приложување на документите за купениот производ, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување.