Политика за заштита на лични податоци

Политиката за заштита на лични податоци ги опишува видовите на лични податоци кои се прибираат во www.morganspomade.mk и начинот на кој прибраните лични податоци се користат. Оваа политика се однесува само на web страната www.morganspomade.mk и на нејзините поддомени. Доколку преку нашата web страна е обезбеден линк до други web страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие web страни. Со самиот пристап и регистрација како купувач на web страната www.morganspomade.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика за заштита на лични податоци.

Прибирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи на Република Македонија. Прибирање на личните податоци се врши само доколку се регистрирате како купувач на нашата веб страна и ги прибираме само оние податоци кои ни се доставени од ваша страна. За процесуирање на нарачките потребни ни се следниве податоци: име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт. Не собираме никакви податоци од финансиска природа (број на картичка, број на банкарска сметка и сл). Вашата трансакција ќе биде процесуирана директно до банката преку сигурна конекција.

Вашите лични податоци се користат за да ви се овозможи пристап до нашата web страна за да се процесира вашата нарачка, за да ве информираме за нови производи кои ги нудиме и за наши маркетиншки цели. Нема да ги објавуваме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија. Вашите лични податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани.

Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на вашиот профил и не треба да ги откривате на трети лица. При креирање на Вашата лозинка ви препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци. Доколку Вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба ви препорачуваме веднаш да не известите и да извршите промена на лозинката.

Оваа web страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата web страна со што се овозможува брз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние нема намерно да прибираме или користиме податоци од малолетни лица.

Ние ги превземаме сите потребни мерки за заштита на вашите лични податоци со што ги минимизираме ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба.

Оваа Политика на заштита на лични податоци стапува на сила од Мај 2021 година.

Промените во политиката на заштита на лични податоци ќе бидат јавно објавени на web страната на www.morganspomade.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.