Сите производи за коса на MORGAN’s POMADE Co. Ltd. целосно се произведени во Обединетото Кралство во согласност со актуелните прописи на Европската Унија.
MORGAN’S POMADE Co. Ltd. е член на Асоцијацијата за козметика, средства за хигиена и парфеми на Обединетото Кралство – Cosmetic, Toiletry and Perfumery Association Ltd. (CTPA) – асоцијација на производители и трговци со козметички производи, средства за хигиена и парфеми.
Сите производи на MORGAN’S POMADE Co. Ltd. се целосно испитани од независни лаборатории, кои вршат токсиколошки проценки и испитувања, со што се докажува дека ги исполнуваат сите безбедносни барања утврдени со Регулативата за козметика на ЕУ 1223/2009.
Производите на MORGAN’S POMADE Co. Ltd. се произведени во согласност со стандардите на добрата производна пракса утврдени во законите на Обединетото Кралство и на Европската Унија.
MORGAN’S POMADE Co. Ltd. е целосно против вршење на тестирања врз животни и не врши никакви тестирања врз животни, ниту пак наложува некој друг да го стори тоа во име на MORGAN’S POMADE Co. Ltd. Политика на MORGAN’S POMADE Co. Ltd. е да бара од добавувачите на суровини обезбедување на Декларација за тестирање врз животни, со која се докажува дека не е вршено тестирање врз животни со суровините кои ги користи MORGAN’S POMADE Co. Ltd.