На почетокот
Компанијата е создадена во 1873 година од Роберт Мартин. Тој во кујната на сопствениот дом започна да произведува шампон под името „Marie Antoinette Eucalyptus Egg Julep Shampoo“. Една или две години подоцна, Роберт го создава првиот производ за потемнување на косата – Morgan’s помадата.
На почетокот, малку време се посветуваше на продажбата. Меѓутоа, како што се продаваше производот, така Morgan’s помадата стана позната во целиот Лондон. Мажите со стил и оние кои ја пратеа модата, почнаа да ја користат помадата и набрзо открија колку е ефикасна.
Први продавачи на помадата беа модните машки фризерски салони во лондонскиот West End. Популарноста наскоро растеше и дистрибуцијата на овој нов “морам да го имам” (“must have”) производ бргу се прошири.
Производството се премести од кујната во семејниот дом, во мала фабрика во Highgate. Иако производството сѐ уште беше операција што ја вршеше еден човек, овој потег беше охрабрувачки. До почетокот на новиот век, MORGAN’S POMADE стана многу познат бренд. Вестите се проширија и преку каналот Ла Манш, па помадата беше дистрибуирана во ексклузивни фризерски салони во Париз и во други европски метрополи.
Во Првата Светска Војна
Не беше се така глатко. Кога почна Првата Светска Војна, MORGAN’S POMADE се соочи со големи потешкотии во набавката на суровини за производство. Производството не можеше да ја следи побарувачката. Во тој период Роберт Мартин почина и водењето на бизнисот го остави на својата сопруга Џејн Дина.
Иако MORGAN’S POMADE имаше тешки времиња, не бевме поразени. Благодарение на британската армија, MORGAN’S пристигна на индискиот подконтинент. Индија стана наш најголем извозен пазар. Во овој период го преминавме Атлантскиот Океан и влеговме во Америка. Тоа беше период на “Класичната ера на Холивуд”. Елегантниот и беспрекорно негуван изглед беше многу битен во тоа време. Ова беше идеално за MORGAN’S, бидејќи тоа е стилот врз чие унапредување нашата компанија работеше низ годините. Тоа беше време во кое мажите кои ја следеа модата, посегнуваа по MORGAN’S секој ден. Всушност, нашата помада беше широко користена од многу големи имиња од светот на филмот и забавата.
Низ светот
Повторно се појави потреба од зголемување на капацитетот. Во 1935 година, во Hornsey Rise беше купена нова фабрика. Методите кои се користеа беа главно непроменети, мешањето, етикетирањето и пакувањето сѐ уште се вршеа рачно, но во многу поголем обем.
Втората Светска Војна повторно донесе тешкотии. Повторно беше многу тешко да се набават суровини, а испораките на производите за далечните пазари, беа тешки и ризични. И покрај сите овие тешки времиња, MORGAN’S немаше намера да се откаже.
Повоените години после Втората Светска Војна, беа период на екстремно голем раст на извозот во Западна Африка. Нигерија стана многу силен пазар. За овој раст на продажбата, потребни беа уште поголеми капацитети. Локацијата беше пронајдена во Whitstable во покраината Кент. Тука беше изградена нова фабрика, со доволно земјиште на кое може да се доградуваат нови производни погони. Беа инсталирани модерни автоматизирани машини за производство со што се зголемија производните капацитети.
Модерни времиња
Денес MORGAN’S POMADE ги дистрибуира своите производи во повеќе од 50 земји во светот и неодамна ја прослави продажбата на милијардитата тегла. Современиот човек се повеќе посветува внимание на својот изглед и стил. Ова придонесе да се засили продажбата на MORGAN’S POMADE.
Мажите ширум светот го избираат MORGAN’S за да го постигнат тој класичен елегантен и неверојатен изглед кој никогаш не излегува од мода. И покрај променливата природа на машката модерна фризура, MORGAN’S POMADE ја одржува својата долгогодишна атрактивност кон мажите кои сакаат да изгледаат најдобро.
Од 1970-тите години наваму, MORGAN’S го прошири својот асортиман со формулирање на производи за стилизирање на коса и шампони. Во последниве години, женските креми за раце и лице на MORGAN’S стануваат многу популарни. MORGAN’S сега произведува производи за професионална нега на коса и машки ретро берберски асортиман кого го користат најдобрите фризери и бербери низ целиот свет. Се гордееме на висококвалитетните производи кои ги создаваме користејќи ги најдобрите суровини и најновите технологии.