За брендот

Ексклузивно во Македонија

Фирмата ТРАМА-ИМПЕКС ДООЕЛ има задоволство и особена чест ексклузивно да ви го понуди англискиот бренд за машка козметика Morgan’s Pomade.

Само за мажи кои сакаат да изгледаат перфектно.

Еден од најстарите независни производители на козметика за коса во Англија, основан во 1873 година, брендот Morgan’s Pomade, со години наназад е исклучително популарен во целиот свет. Брендот во себе ги носи традиционалните вредности од едно време, кои успешно ги комбинира со најновите технологии и создава производи од највисока класа.

Фабриката Morgan’s Pomade се наоѓа во градчето Whitstable во покраината Кент во Англија. Таму се произведува широкиот спектар на производи за коса и тело со посебен акцент на природните состојки и исклучителниот квалитет.

Веќе шест генерации, компанијата се потпира на традиционалните вредности, како што се деловната етика, интегритетот, способноста за прилагодување кон потребите на клиентите. Овие вредности го прават брендот познат, сакан и ценет низ целиот свет.

Иако нашата оригинална Morgan’s помада се уште е еден од нашите најдобро продавани производи, нашиот ретро берберски асортиман расте со својата популарност во целиот свет.