Опис
Пакување: во алиминиумско шишенце од 100 мл.
Шампонот за миење на брада ја чисти, потхранува и омекнува вашата брада. На тој начин брадата станува мека и лесна за обликување. За секојдневна употреба. Погоден за миење на мустаќи, средни и долги бради. Произведен од најквалитетни состојки, збогатен со арганово масло.
Со препознатлив мирис на бергамот, зелен лимон (лимета), зелен чај, мошус и масло од сандалово дрво.
Употреба: Се нанесува врз мокра брада. Шампонот најпрво се нанесува врз дланките од рацете и се трие до создавање на пена. Пената се нанесува врз брадата и се масира длабоко до корените на влакната за да се отстранат сите мртви клетки од кожата. Се плакне со топла вода.