Прашања и одговори за производи за потемнување на коса

П: Како делуваат производите за потемнување на коса Morgan’s?

О: Активните состојки на нашите производи се комбинираат едни со други и се врзуваат со определени супстанци во влакното. Под влијание на топлината и сончевата светлина постепено ја затемнуваат косата.

П: Како да ги користам?

О: Секогаш следете ги упатствата за употреба кои се наоѓаат на етикетата. Пред да го употребите производот, проверете дали вашата коса е чиста и сува. Нанесете го производот со прсти или со чешел врз површините на косата кои што сакате да ги затемните

П: Колку често треба да ги користам?

O: На почеток, еднаш или двапати дневно, додека не се забележи промена на бојата. Кога вашата коса ќе ја достигне посакуваната нијанса, само треба да го користите производот два или три пати неделно за да ја одржите бојата на новонараснатата коса.

П: Колку често треба да ја мијам косата додека ги користам производите за потемнување Morgan’s?

О: Кога ќе почнете да го користите производот, препорачуваме косата да се мие еднаш или двапати неделно, што ќе овозможи процесот на затемнување да почне да делува. Кога ќе ја достигнете посакуваната боја, можете да ја миете косата онолку често колку што сакате.

П: Колку брзо ќе бидат видливи резултатите?

О: Обично за две до три недели, во зависност од температурата и изложувањето на сончева светлина. Брзината на потемнување исто така може да зависи од порозноста на косата. Колку е попорозна вашата коса, толку побрзо нашите производи ќе дејствуваат. На помалку порозна коса ѝ треба подолго време да се затемни.

П: Може ли да се забрза процесот на потемнување на косата?

О: При изложеност на сончева светлина и со користење на фен за коса, се забрзува процесот на затемнување на косата.

П: Може ли на некои места да ја задржам побелената (седата) коса?

О: Да, некои луѓе сакаат да им остане побелена косата кај слепоочниците. Во ваков случај, не ги применувајте нашите производи на местата каде што сакате косата да ви остане побелена.

П: Дали со миење на косата, ќе се измие и нанесениот производ за потемнување на коса Morgan’s?

О: Не. Нашите производи брзо ја бојат косата. Само белење на косата може да ја отстрани бојата. Меѓутоа со престанување на употреба на Morgan’s производите, ќе се овозможи враќање на побелената коса.

П: Како се отстранува ефектот од производите за потемнување на коса Morgan’s.

О: Со обезбојување во фризерски салон или со престанување на употребата на Morgan‘s и постепено враќање на побелената коса кога ќе порасне.

П: Дали можам да користам паралелно со Morgan’s други бои и нијанси?

О: Не. Не треба да користите два различни производи кои содржат различни активни состојки во исто време. Ова може да предизвика невообичаени бои или отсуствo на одредени нијанси.

П: Дали мојата кожа ќе се извалка заради нанесување на производи за затемнување на косата?

O: Не. Но како и кај сите козметички и тоалетни производи, препорачуваме да ги миете рацете по употребата.

П. Дали пливањето влијае на бојата?

O: Честото пливање може да го успори првичниот процес на затемнување и може малку да ја осветли косата кога ќе се постигне саканата боја. Ако се случи ова, едноставно зголемете ја количината на Morgan’s што ја нанесувате и фреквенцијата на нанесување.

П: Може ли да се користи Morgan‘s за потемнуване на брада и мустаќи?

О: Не препорачуваме употреба на производи Morgan’s врз брада, мустаќи, веѓи или трепки.

П: Може ли Morgan’s да се користи на претходно обоена коса?

О: Не се препорачува заради тоа што нема да се постигне саканиот ефект.

П: Може ли косата да се витка или исправува со хемиски средства, ако во исто време користам Morgan‘s?

О: Не се препорачува истовремена употреба на хемиски средства за виткање или исправување на косата. Не ги користете Morgan’s производите за потемнување 10 до 14 дена пред да почнете да користите хемиски средства за виткање или исправување на косата. Многу неутрализатори кои се користат за виткање или исправување на косата, содржат водороден (хидроген) пероксид кој може да ја осветли бојата на косата или понекогаш да предизвика несакани бои и нијанси. Додека ги користите Morgan’s производите, никогаш не користете средства кои содржат водороден пероксид. Кажете му на вашиот фризер дека користите Morgan’s производи за потемнување на косата и дека може да користи само неутрализатор кој содржи натриум бромат, а не водороден пероксид. Доколку се сомневате, немојте да ја виткате или исправувате косата додека користите Morgan’s производи за потемнување.

П: Може ли производите на Morgan‘s да стимулират раст на косата?

О: Не.

П: Дали се штетни и агресивни производите Morgan’s?

О: Не, производите не содржат агресивни хемикалии. Содржат природни масла кои не ја сушат, туку вршат хидратација и го спречуваат оштетувањето на косата.

П. Дали производите Morgan’s се безбедни за употреба?

О: Да. Нашите производи се совршено безбедни кога се користат како што е наведено на етикетата. Сите производи Morgan’s целосно се усогласени со барањата на Правилникот за безбедност на козметички производи во Обединетото Кралство во 2008 година, Директивата за козметика на Европската унија 76/768 / ЕЕС 2008 (со дополнителните амандмани) и Правилата за храна и лекови на Соединетите Американски Држави. Покрај тоа, тие се испитувани од независни квалификувани безбедносни оценувачи и сертифицирани се како безбедни за употреба.

.