MORGAN’S POMADE особено внимание посветува на материјалите кои ги користи. Металот, хартијата и пластиката кои се користат мора да ги исполнуваат сите еколошки стандарди. Компанијата MORGAN’S POMADE е посветена на заштитата на природната средина затоа што еколошкото производство ја штити планетата и ги зачувува природните ресурси. Сите производи на Morgans Pomade се изработени и пакувани од одржливи материјали, а отпадот се намалува преку повторна употреба и рециклирање.
МЕТАЛ
Металот е најрециклиран материјал за пакување во Европа. Тој е постојано достапен ресурс, не осиромашува низ времето и никогаш не ги губи молекуларните својства. Може да се рециклира и повторно да се користи на неодредено време, што значи дека отпадот од метал не е отпад – тој е ресурс!
Рециклирањето на метали е процес на повторно користење на метални производи. Со рециклирање на истите суровини се заштедуваат и до 95% од потребната енергија за производство на нови примарни материјали. Металите, посебно алуминиумот и челикот, имаат многу висок процент на повторно искористување, дури до 100%.
ХАРТИЈА
Рециклирањето на отпадни производи, картонски кутии и користена хартија е наједноставен начин за намалување на деловните непотребни трошења. MORGAN’S POMADE поседува машина за уништување на картон (cardboard shredder), со која употребуваниот картон го трансформира во материјал за пакување. MORGAN’S POMADE се стреми да купува само рециклирани хартиени материјали или материјали што произлегуваат од одржливи извори. Во канцелариите, не се печати повеќе од потребното и се користи електронска пошта во комуникацијата со клиентите и деловните партнери.